Славната австралиска блогерка најдена мртва во Грција

0
730

20-годишната популарна австралиска блогерка, Шинед МекНамара, беше пронајдена мртва во Грција, пренесуваат австралиските медиуми.

Нејзиниот брат, Џејк МекНамара, ја потврди трагичната вест за тамошните медуми со соопштение во кое стои дека „ги примил најлошите вести во животот“. Причината за смрта на младата МекНамара засега не е откриена.

Последните година дена Шинед на Инстаграм објавуваше фотографии од одмори низ луксузни летувалишта ширум светот, а пред 6 дена објави фотографија од последниот одмор во Грција.

Коментирај