Славевски: Заев делува дезориентирано, отворени се многу пандорини кутии кои удираат во сржта на нашиот идентитет

0
159

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма истака дека последните потези околу реконструкцијата на Владата кои ги направи Зоран Заев не изгледаат добро испланирано. Односно, според него, Заев е дезориентиран, посочувајќи дека отворил многу пандорини кутии кои удираат во сржта на македонскиот идентитет.

-Напротив јас го разбрав вашето прашање, како зајакнување на владата со луѓе со познавање на бизнисот и економијата. Но тоа не само што не го гледаме, туку еден економист ја напушта Владата, а другиот се дуплира, тоа е господинот Зоран Заев, темата на овој разговор. Така што капацитетот за насочување на економијата во вистински правец се намалува со целата оваа работа. Господинот Зоран Заев изгледа многу дезориентирано, отворени се многу пандорини кутии. Сите овие случувања, сега чиј е Гоце Делчев итн. она што удира во сржта на нашиот идентитет. Така што сега оваа сламка за спас, намерите ќе ги видиме допрва не мислам дека е добро испланирани и донесена врз основа на рационални размислувања, вели Славевски.

Коментирај