Славески: Македонија не ги искористи светските позитивни економски движења за да генерира раст

0
147

Во вчерашната емисија на ТВ Алфа „Без ракавици“ на тема „Може ли Македонија да ја преживее економската криза на Заев“ гостуваше професорот на економскиот факултет и поранешен министер за финансии и министер за развој, Трајко Славевски.

Имено, во емисијата се коментираше за економската ситуација во Македонија после податоците за четвртиот квартал за раст на БДП и годишниот катастрофален раст од само 0 % на македонската економија.

Професорот Славевски истакна дека растот на БДП за 2017 година е еден од најлошите резултати не само во Европа туку и во регионот.  Во услови кога Романија има раст од 6% потоа Србија  од  1,9 % Хрватска  2,8 % ,Словачка 3,4% ,Бугарија  3,6%,Словенија 5 %, и Романија 7% Македонија бележи стагнација на економската активност.

Славевски истакна дека последниот квартал од гледна точка на растот и по природа на нештата  е секогаш попродуктивен   бидејќи е поттикната јавната и личната потрошувачка  и нагласи  дека растот од само 1,2 % на БДП е разочарувачки бидејќи  не ги надоместува загубите во БДП во останатите три тримесечја.

Тој кажа дека најзагрижувачки е фактот дека по смената на власта после која се очекуваше релаксација кај главните актери во економијата, кај населението домаќинствата и бизнисите и која би резултирала со  зголемен ентузијазам и придонес за зголемена економска активност не се случи.

Професорот истакна дека тоа треба да биде загрижувачки за сите затоа што во услови кога светската и европската економија бележат раст  македонската економија стагнира. Уште поалармантно е дека во време кога светската економија го достигна својот врв очекувањата за наредните периоди е дека ќе има надолни движења и дека тоа воопшто не е добро за ранлива економија како што е македонската.

Славевски смета дека Македонија не ги искористи поволните позитивни економски  движења во светската и европската економија да генерира раст и дека во наредните години тоа би било уште потешко.

Коментирај