Славен шминкер открива едноставен трик за блескав тен и совршено лице

0
142

Ако имате проблем со „сивиот”, безживотен и уморен изглед на лицето, а дури ни пудрата не го решава ваквиот проблем, решението доаѓа во вид на едноставен мејкап трик во кој главната улога ја игра руменилото.

Руменилото е честопати запоставуван производ кој може да направи голема разлика на лицето, особено кога ќе избереме совршена нијанса за својот тен. Токму руменилото зазема посебно место во несесерот на славниот шминкер Пабло Родригез, кој осмислил и уникатен бјути трик со овој препарат.

Имено, Родригез сакал да одговори на постојаното барање на клиентките да креира мејкап изглед кој ќе обезбеди прекривање на несовршеностите, а истовремено да остави природен впечаток на кожата која изгледа како да нема многу шминка на неа.

Клучниот предлог на овој шминкер е да го нанесувате руменилото под, а не над подлогата. Тој советува пред да се “фрлите” на шминкање, прво добро да ја хидрирате кожата за подобро да ги впие производите кои ќе ги нанесете.

rumenilo

Потоа нанесете кремасто руменило и нежно втапкајте го во кожата (без да го размачкувате), а акцентот ставете го на зоната на јаболчиците. Кога руменилото ќе се исуши, нанесете ја подлогата со лесни движења.

Што се добива со ваква промена во редоследот на нанесување? Ефектот е дискретна боја на руменило која продира низ подлогата и делува како да доаѓа одвнатре, од длабочината на кожата. Ваквото шминкање му дава природен, одморен и свеж изглед, без страв дека ќе изгледате пренашминкано или ќе претерате со нанесување на руменилото, што е чест случај.

Затоа, за блескав тен користете се со овој едноставен трик кој не одзема ни време ниту пари.

Извор:Република.мк

Коментирај