Славче Таневски, дизајнерот во Мерцедес: Избришете го моето име од секаде каде се споменува Северна!

0
1751

Талентираниот и успешен Македонец Славче Таневски кој работи како дизајнер за светскиот автомобилски гигант „Мерцедес“, се обрати до Агенцијата за иселеништво на Македонија со молба да не го користат неговото име во било какви промоции, бидејќи тој не сака да биде ставан во контекст со Северна Македонија.

Интегрален текст од Фејсбук објавата на Славче Таневски:

„Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат „северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели.

Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно!
Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример!
#Македонија #бојкотирам #блокирам #брц #Macedonia #forever“

FB_IMG_1552344647975

Во прилоф на Фејсбук објавата, Таневски сподели и принт скрин од порака која им ја напишал на Фејсбук страната на Агенцијата за иселеништво:

„Здраво, овде Славче Таневски. Ќе Ве Замолам да ги отстраните сите постови кои се однесуваат на мене и мојата кариера од Вашата Фејсбук/како и веб страна. Не сакам моето име да се поврзува на никаков начин со терминот СЕВЕРНА Македонија. Благодарам однапред!“

Agencija-za-iselenistvo-Slavce-Tanevski

Коментирај