Скопјани се борат со инсектите, градот досега нема спроведено прскање

0
456

Езерцата во градскиот парк станаа легла на комарци. Граѓаните се жалат дека состојбата станува неподнослива.

Паркот е идеално место за одмор и рекреација на граѓаните во летните денови  но за жал исто така и за комарците и бубачките. Некој ќе мора да преземе нешто бидејќи место за сите во паркот нема.

Скопскиот градоначалник вели прскањето доцни тендерот е обжален бидејќи Шилегов се сомнева  дека набавените препарати се штетни за граѓаните.

Градоначалникот уверува дека за десетина ќе почнат со третирање на комарците а до тогаш, граѓаните ќе мора самите да се справуваат со инсектите како знаат и умеат.

Коментирај