Скопјанец се бори за живот, со „Мерцедес“ удрил во билборд

0
307

Триесет годишниот скопјанец С.М. се бори за живот по сообраќајна несреќа која синоќа 40 минути по полноќ се случила на булеварот „Србија“.

Од полицијата информираат дека С.М. управувајќи автомобил „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано, изгубил контрола и удрил во бандeра и билборд.

-С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза“. Констатирани му се тешки телесни повреди и бил во животна опасност, информираат од МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментирај