Скопјанец претепан во Охрид

0
229

Во Полициската станица Охрид В.В.(44) од Скопје вчера во 12:30 часот пријавил дека бил физички нападнат од две непознати лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале било дека истиот ден на градилиште каде се изведуваат работи за градење на базен кај Билјанини Извори пријавителот како главен надзор, откако го стопирал градењето поради проблеми со бетонот, по кратко време дошле двете лица коишто најпрво почнале да го навредуваат, а потоа и физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе по телото, а биле спречени од лицето Р.М.

Од ударите В.В. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Истиот ден во 20,30 часот во полициска станица било повикано лицето Б.Х.(44) од с.Велешта-струшко во врска со настан за нарушен ЈРМ.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Коментирај