Скаути на три европски гиганти ќе го следат Елмас против Галатасарај

0
328

Елиф Елмас се повеќе го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност.

Елмас импресионираше со настапите во дресот на Фенербахче, но посебно повеќе за него се пишува откако имаше одлични два натпревари за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

19 годишниот македонски фудбалер се поврзува со многу европски гиганти, а турските медиуми пренесуваат дека скаути на три европски гиганти ќе дојдат во Истанбул да го следат Елмас во дербито против Галатарасај.

Имено скаути на Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Зенит, ќе присуствуваат во големото дерби на Истанбул за уште еднаш да се уверат во потенцијалите на Македонецот.

Македонскиот „дијамант“ веќе подолго време е на радарот и на други европски клубови како Лацио, Фиорентина, Тотенхем…

Во редовите на Фенербахче Елмас пристигна летото 2017 година, а според турските медиуми Фенер за неговата слобода бара помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Извор: sportski.mk

Коментирај