Скапата физибилити студија не се важи: Шекеринска не го дава Центарот за обука на пилоти на шведската фирма за хеликопери

0
169

Продолжуват нејаснотиите околу јавното приватно партнерство меѓу Владата и компанијата „Свидиш хеликоптер консорциум“ од Шведска за формирање на хеликоптерска единица за медицински цели.

Fizibiliti-za-centar-za-obuka-na-piloti

Ова посебно се однесува за Центарот за обука на пилоти кој според физибилити студијата нарачана од Владата, требаше да се стави во функција на приватниот партнер.

Но сега министерката за одбрана Радмила Шекеринска тврди дека Центарот за обука на пилоти е формациски дел на армијата и не може да биде префрлен на приватен партнер. Според неа,  покрај тоа што тоа било наведено во физибилити студијата, идејата не била прифатена.

radmila-shekerinska-640x356

На седниците на влада се договоривме центарот за обука да биде наменет за МВР, министерството за одбрана и тој останува домашен капацитет-нагласи вчера министерката.

Извор: република.мк

Коментирај