Скандинавската убавина – Норвешка

0
721

Норвешка го зазема западниот дел од Скандинавија и се граничи со Шведска, Финска и Русија. Норвешка – скандинавска убавина, која е тешко да се опише. Позната по своите планини и фјордови, најубавата риба и сирење, секоја година е посетена од илјадници туристи.

Погледнете ги овие неколку интересни факти за неа:

  1. Знаете ли дека во Норвешка има над 20 000 км крајбрежна линија?
  2. Ако ви претстои патување до Норвешка и сакате да пробате сирење, задолжително купете си норвешки нож за фино сечење на сирењето. Таквите ножеви се користат таму од 1925 година.
  3. Знаевте ли дека Норвешка е најголемиот извозник на лосос во светот?
  4. Кафето е донесено во Норвешка пред околу 280 години, но до 1870 година неговата потрошувачка не била општо прифатена. Денес, Норвежаните се меѓу најголемите корисници на кафе по глава на жител во светот.
  5. Кралството Норвешка не е членка на Европската унија, но учествува во неговиот вкупен пазар.
  6. Ако се утврди дека возите по употреба на алкохол, во Норвешка автоматски влегувате за 30 дена во затвор, ја губите возачката дозвола за една година и ќе треба да платите парична казна во износ до 10% од годишниот приход.
  7. Знаете ли дека цените на прехранбените стоки се толку високи така што многу луѓе патуваат до Шведска, за да си купуваат поевтини?
  8. Grandiosa, (замрзната пица) е неофицијално национално јадење на Норвешка.
  9. Името Норвешка значи „пат на север“.
  10. Jostedalsbreen е најголемиот глечер во Северна Европа. Се наоѓа во Норвешка.
  11. Цените на бензинот се меѓу највисоките во светот, иако земјата е една од најголемите извознички на нафта.
  12. Во Норвешка е и најдолгиот во светот сообраќаен тунел со должина 24,5 km.
  13. Исто така Норвешка го има најдлабокиот подводен тунел во светот на 287 метри длабочина.
  14. Знаете ли дека Норвешка е една од најбогатите земји во светот, а и најмирната според Глобалниот индекс на мирот.
  15. Алкохол може да си купите само од продавници, наречени Vinmonopolet. Има само една или две во секој град.

Коментирај