Скандалозно судење за „Траекторија“: Денешното судење започна без записник, судијата мува не го лази

0
232

Oдбраната на денешното судење за случајот „Траекторија“ побара записник од минатото рочиште, но тоа не беше овозможено.

Адвокатот на одбраната истакна дека не може да се произнесат за претходните решенија на Судот бидејќи немаат утврден записник. Судијата на предметот Горан Бошевски констатира дека записникот не е изготвен, но сепак судењето ќе продолжи, што претставува своeвиден преседан одобрен од Судот.

Судот го одби барањето и на адвокатот на одбраната Димитар Дангов снимените материјали да се вратат на обвинителството, затоа што не се вербален доказ согласно Законот.

Судот не одлучи и по барањето на адвокатот Дангов аудио снимките да бидат одбиени како доказен материјал со оглед на тоа што беа објавени на веб портали и се јавно соопштени согласно членот 347 став 1 точка 1 случај 1 од Законот за кривична постапка според која одредба тие докази се незаконити.

Адвокатот Дангов бараше судот да одлучи по овој предлог, кој втор пат се изнесува, а Судот не одлучува.

Коментирај