Скандалозно однесување на атлетичарка од Македонија: Дрита Ислами последна во трчање, прва за „летање орли“ (ФОТО)

0
135

Атлетичарката Дрита Ислами која ја претставуваше Република Македонија на Европското првенство во Берлин се пласираше на последното место во квалификациите во трката на 400 метри со пречки.

Но, тоа и не е толку трагично, како неспортскиот потег со кој ја понижи нашата земја.

Ислами се фотографирала „летајќи орли“, албански симбол кој се поврзува со иредентистичката желба за формирање на заедничка држава на територија на сегашна Србија, Косово, Македонија и Црна Гора (Голема Албанија).

Инаку, атлетичарката беше испратена да ја претставува државата со финансии обезбедени од Република Македонија.

Оваа фотографија наиде на лавина негативни коментари од македонската јавност.

Коментирај