Скандал на трибина на Пендаровски: Граѓанин се закани дека со пиштол ќе отишол во ДИК (ВИДЕО)

0
1431

На вечерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, граѓанин на Гостивар се закани дека вооружен ќе влезе во Државната изборна комисија поради тоа што според него, од таму го избришале од избирачкиот список.

-Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас има многу гостиварци се избришани. Ве молам да се преземе мерка, се обрати револтираниот граѓанин до кандидатот за Претседател од СДСМ, Пендаровски.

Откако Пендаровски му рече дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.

-Ќе им појдам со пиштол, рече тој.

Коментирај