Скандал: Македонски пошти потрошиле над 300.000 евра за тонер и хартија

0
701

Македонски пошти само за април месец потрошила 288,688 евра. Ова го покажуваат информациите од ревизорскиот извештај за јавните набавки. Само за месец април и тоа два пати на 11 и 15 април, Македонски пошти потрошиле над 100 илјади евра само за тонери за фотокопир, објави ТВ21.

Набавка на стока – тонери и девелопери за хибридна пошта 28,473 евра или 1,751,120 денари.

Одржување на системи за ладење на објекти на Македонска пошта 38,374 евра или 2,360,000 денари.

Тонери, рибони и тонери за фотокопири 74,263 евра или 4,567,190 денари

Тонери, рибони и тонери за фотокопири 13,431 евра или 826,000 денари

Хартија за хибридна пошта 134,117 евра или 8,248,200 денари.

За овие трошоци немаа одговор од Македонски пошти. Иако пред неколку дена директорот на оваа институција вети дека ќе даде изјава, тоа не се случи. ТВ21 веќе неколку дена чека оваа институција да даде отчет пред граѓаните.

Инаку пред 7 месеци, самиот директор на Македонски пошти призна дека има кражби во шалтерите и дека вработените украле 33 милиони денари, а 100 милион денари се украдени од надвор. Рустеми објаснува дека кражбите најчесто се од шалтерските вработени и дека секој има број на шалтер и затоа лесно може да се потврди кој ги украл парите. Според информациите од извештајот на ревизија, првично како украдени беа пријавени 133.3 милион денари. За 14 години, буџетот на Македонска пошта е оштетен за 133.6 милион денари.

Коментирај