СКАНДАЛ: Константин Георгиевски на терен со Нефи Усеини – кралот на дивоградбите во Охрид (ФОТО)

0
456

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски, денеска на терен излезе да собира гласови заедно со познатиот претставник на охридското подземје Нефи Усеини.

Усеини е познат по тоа што поради неговата дивоградба крај чинарот, го загрозува статусот на Охрид како град заштитен од УНЕСКО.

Георгиевски, кој во исто време е в.д. градоначалник на градот, не презема ништо за да ја спречи изградбата на оваа дивоградба во центарот на Охрид.

Минатата недела, кога обвинителот дошол да реагира за случајот и да ја спречи градбата од Нефи добил одговор дека таа е договорена со Заев и Георгиевски и никој не му може ништо.

Инаку, Усеини поседува уште една дивоградба, бетонска база која се наоѓа на 50 метри од езерото на стариот пат Охрид – Струга, место забрането за градба.

Од општината која ја води Георгиевски, на прашања на медиумите одговараат дека не знаат чија е дивоградбата и поднесуваат кривична кон непознат сторител.

Инаку, во охридската јавност се шпекулира дека на Усеини му е дозволено да прави што сака и да го загрозува културното наследство во градот, затоа што на Георгиевски и СДСМ им обезбедува албански гласови.

Извор: Лидер.мк

Коментирај