Скандал кај Бекамови: Се расправале во ресторанот, обезбедувањето ги разделило

0
175

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата девојка Хана Крос направиле скандал во еден елитен ресторан за време на Филмскиот фестивал во Кан.

Според написите во странските медиуми, прво порачале пијалаци, а потоа почнале жестоко да се расправаат. Врескале еден на друг, се навредувале, а во еден миг, Хана го зела мобилниот телефон и му завртела грб на Бруклин.

Минувачите беа шокирани кога видоа дека Бруклин и Хана се расправаат пред сите. Во еден миг, таа почна да вреска и да плаче, иако седеа на отворено“, открива извор за „Сан“.

Во тој миг реагирало и обезбедувањето раздвојувајќи ја двојката. Веднаш биле известени и Викторија и Дејвид за инцидентот што се случил.

Се’ беше мошне драматично, се навредуваа“, додава изворот.

Само неколку дена претходно, изгледаа мошне вљубено на црвениот килим држејќи се за рака. Инаку, ова не е првпат младата двојка да се кара во јавност, па Дејвид и Викторија се сериозно загрижени поради токричната врска на својот налседник.

Коментирај