Скандал: Бухова призна дека ДСЗИ е неспособна да ги заштити децата од тoкcични играчки

0
181

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ свое јавување имаше д-р Ирина Сотирова Бухова која што призна дека Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) како институција е неспособна да ги заштити децата од небезбедни и тoкcични играчки.

ДСЗИ постапува по закон за безбедност на детски играчаки и козметички производи. По нашата анализа на квалитет, е наложено односно го контролираме секој втор увоз на играчка од Тајланд и Кина, и секој 4-ти или 5-ти од земји од ЕУ. Во 2019 година се направени 900 увози на детски играчки, од тоа мострирани се 495. Што значи од секој увоз се земени мостри за испитување, појасни Сотирова Бухова.

Сотирова Бухова додаде дека испитувањата на играчките се однесуваат на органолептички, физички и хемиски параметри. Посебен акцент се става на хемиските параметри односно на мини тешки метали и се тоа што е тoкcично за детскиот организам. Институцијата ДСЗИ се соочува со голем проблем бидејќи мострирањето се одвива со тоа што се зема три играчки од иста прдавница во исто време. Мострирањето се одвива во Институт за јавно здравје. Доколку добавувачот не се согласува со одлуката дека играчката е тoкcична или небезбедна тогаш бара втора анализа. Но за жал втора лабораторија нема за сите испитувања, и поради тоа се воспостави релација на лабораторија во Германија.

И ако втората анализа се покаже како небезбедна тогаш ДСЗИ издава мандатна казна од 5.000 евра, која ако се плати во рок од 7 дена е 2.500 евра. Меѓутоа со што се соочуваме? Ретко кој односно никој, скоро речиси никој во изминатат 2019-та година не е дојден, односно не ја платил таа изречена глоба. Следниот чекор што ние го преземаме е постапка пред соодветниот кривичен суд. И тука наидуваме на ѕид. Досега во овие три години јас не сум видела ниту една пресуда со која е осуден некој од увозниците на небезбедни играчки. Пресуда има да, виновен и се осудува со опомена. Тоа ви е доволен знак дека ние сме неуспешни како институција да го заштитиме населението односно децата од изложеност на небезбедни играчки, нагласи Сотирова Бухова.

Коментирај