Скала бенд снимија видео со популарната ПАЛАНЕЧКА ТРОЈКА

0
931

received_10211345995594352Фото: СКАЛА БЕНД ОД КРИВА ПАЛАНКА-СПОЈ НА МЛАДОСТ И ИСКУСТВО

Нај стариот и нај познат мизички бенд од Крива Паланка е СКАЛА БЕНД. Овој бенд постои 28 години, а со неговото тридецениско постоење поврзани се илјадница семејни веселби, турнеи, концерти и тв настапи. Бендот го има формирано фолк пеачот Влатко Алексовски, со уште неколку еминентни музичари од Крива Паланка. Во СКАЛА БЕНД имаат свирено повеќе музичари, меѓу кои: Сашо Митковски, Горан Симоновски, Никола Николовски, Методи Цветковски, Александар Михајловски, Млаѓан Митовски, Д-р Горан Младеновски, а од пред неколку години, СКАЛА БЕНД е освежен со нови квалитетни музичари,меѓу кои Дејви Зекиров (гитара), Ален Ристовски (клавијатури) и Душан Ангеловски (ударни инструменти). Во овој бенд од секогаш постоел спој на млади музичари и искусни музичари, затоа и опстанал 3 децении и е гордост на Крива Паланка и Кривопаланчани. Од секогаш СКАЛА БЕНД важел за квалитетен бенд, мајстори за шоу и забава. СКАЛА БЕНД како еден од нај добрите бендови во Македонија,  секогаш е вистински избор за секоја семејна веселба, бидејќи музичарите од овој бенд секогаш имаат високо професионален пристап, пласираат секаков музички жанр и секогаш знаат да направат вистински избор на музичка програма.

Покрај многуте настапи, СКАЛА БЕНД неодамна го снимија традиционалното Кривопаланечко оро ТРОЈКА, во автентична свадбарска варијанта и најавуват албум со ора и песни од Кривопаланечкиот крај. СКАЛА БЕНД е придружен бенд на фолк пеачот Влатко Алексовски и негова верна подршка во сите изминати години.

Респект за СКАЛА БЕНД!

loading...

Коментирај