СЈО отвори истрага против Груевски и Ахмети за одложување на пописот

0
530

Специјалното јавно обвинителство денеска објави три нови истраги под имињата „Попис“, „Моќник“ и „Актор“ против 25 физички и четири правни лица за кривични дела злоуптореба на службена должност, измама и перење пари.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, во случајот под кодно име „Попис“, отвори истрага против поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети за пропаднатиот попис во октомври 2011 година.

Како што беше посочено на прес конференцијата, лидерите се сомничат дека се договориле да го прекинат пописот на населението и да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението, а во јавноста било кажано дека Пописот е стопиран поради технички причини

„Има основани сомневања дека како дел од владејачката коалиција, двајцата претседатели на партиите се договориле дека нема политички капацитет за спроведување на пописот и дека се неопходни дополнителна обука и усогласување на стандардите со меѓународните норми. Потоа Владата предложила да престане да важи Законот за попис, а потоа преку пратениците од владејачката коалиција на 15 октомври 2011 година Собранието донесува решение за одложување на пописот“, рече Фетаи.

На тој начин, рече Фетаи, двајцата осомничени го оштетиле буџетот на државата за повеќе од 175 милиони денари.

Втората истрага на СЈО под името „Моќник“, се води по основано сомнение дека моќен пратеник го искористил влијанието за да распродава државен и општински имот на негови блиски луѓе преку советници на една општина.

Третата истрага „Актор“ се однесува на изборот на понудувач за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица и перењето на пари кои фирмата ги добила преку тендерот.

Коментирај