СИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ: Германците ја оценија со нула економската политика на владата на Заев!

0
575

Германските бизнисмени во земјава ја оценија со нула македонската влада! Германците сметаат дека владата дала приоритет на надворешната политика, но го изгубила фокусот во економијата.

Лоши оценки добија и владините даночни реформи, немањето инвестиции во образованието, недоволноста од стручен кадар, како и борбата против корупцијата која е поврзана и со тендери кои немаат смисла, но и честите промени на законите кои кај бизнис заедницата создаваат правна несигурност.

Ова го објасни г-н Патрик Мартенс, директор на здружението на германски стопанственици во Македонија.

Германските бизнисмени ги испорачаа оценките во последната анкета за деловната клима во 2018 и 2019 година спореведена во февруари годинава. Највисоки оценки, германските бизнисмени дале за работната сила која е подготвена да работи и да ја подобри продуктивноста, како и трошоците кои ги имаат за трудот иако се зголемени даноците поврзани со тоа. Според германските инвеститори, економската состојба лани во земјава била мошне неповолна.

Вкупно 56% од компаниите ја оцениле како лоша, 39% како задоволителна, а за пет отсто била добра.

Во Македонија работат 201 компанија со германски капитал кои вработуваат околу 20.000 луѓе, а најпознати инвеститори се Дрекслер Маер и Кронберг-Шуберт, кои инвестираа во мандатот на владата на Груевски.

Трговската размена со Германија лани изнесувала 3,64 милијарди евра.

Коментирај