Сите намени на пастата за заби

0
19

Често купувате паста за заби, сакате да испробате нови пасти, но таа секогаш стои во бањата и единствено ја употребувате само за миење на забите? Звучи по малку чудно, но пастата за заби има многу намени, освен примарната кои секако ќе ви бидат од голема корист во домот.

За чистење на дното на пеглата: Пеглата за алишта можете лесно да го исчистите со помош на паста за заби. Едноставно протријте ја пеглата со паста додека е ладна и потоа отстранете ја пастата со влажна крпа.

Секоја домаќинка знае колку е непријатна миризбата на лук, риба или кромид на рацете. Пастата за заби може да ви помогне да ја отстраните непријатната миризба. За целта, истријте ги темелно рацете со паста за заби. Потоа ставете крем за да не дозволите кожата премногу да се исуши.

Многу често бебешките шишиња придобиваат миризба на млеко. За да ја отстраните, протријте го шишето со паста за заби. Моментално, непријатна миризба ќе се намали. Потребно е само да внимавате после тоа темелно да го измиете шишенцето.

Пастата за заби ја намалува иритацијата на кожата при убод од инсект или плускавица. Таа ќе ви помогне да го намалите чешањето и да го спречите подувањето на кожата. Кога ќе се нанесе врз плускавица, пастата за заби побрзо ја суши и овозможува да заздрави побрзо. Намачкајте ја засегнатата област преку ноќ. Но, ова важи само ако раната не е отворена.

За чистење на патики: Белата гума на патиките може да стане повторно како нова, доколку ја истриете со паста за заби.

Сребрениот накит може да си го врати својот сјај ако го истриете со паста за заби. Оставете ја пастата преку ноќ и наутро отстранете ја со нежна крпа. Не го користете овој трик доколку на накитот има бисери, затоа што пастата ќе ја уништи нивната површина.

Многу често ноктите на рацете пожолтуваат од преголемата употреба на лакови со силни бои. За да им го вратите сјајот на ноктите, едноставно протријте ги со четка за заби и паста.

Пастата за заби е најлесниот начин да затворите дупка од шајка на ѕидот. Таа лесно се нанесува и брзо се суши.

www.hybread.mk

loading...

Коментирај