Сите му се смееле кога одлучил да живее во гаража, а сега му завидуваат: Неговиот дом изгледа вака (ВИДЕО)

0
364

Секој ден се` поголем број луѓе прифаќаат нов минималистички стил на живот, се одлучуваат да живеат во што помали домови користејќи само најпотребни работи.
Овој тренд со голема брзина се шири по целата планета, а еден човек успеал да изгради своја куќа од соништата за само 9.000 долари.

Откако сфатил дека куќата и животот во Париз се премногу скапоцени, францускиот фотограф Џереми Бучхолтс побарал своја куќа од соништата во Бордо, Франција.

На негова жалост, бил шокиран кога видел колку малку може да добие за парите кои ги имал. Бордо е поевтин град од Париз, но и натаму е скап.

Сепак, по некое време, среќата конечно му се „насмеала“. Во весниците видел една гаража од 40 квадратни метри, а таа чинела „само“ 107.000 долари.

Да, знаеме дека на сите ова ви звучи многу скапо, но ова е дупло помала цена во однос на цените на становите кои се наоѓаат во истиот град. Бучхолтс видел многу можности во оваа гаража која никој не сакал да ја купи.

Уследило неколкумесечно реновирање, но крајниот резултат ќе ве воодушеви.

Коментирај