Синот на Петар Наумоски ќе игра за Италија?

0
92

Еден од најталентираните млади македонски кошаркари, Михаил Наумоски, доби покана наместо за нашиот национален тим во натамошниот дел од својата кариера да ги брани боите на Италија.

Михаил, кој е син на прославениот македонски репрезентативец и поранешен претседател на МКФ, Петар Наумоски, веќе си обезбеди клупски трансфер на Апенинскиот полуостров, а Италијанците импресионирани од неговиот потенцијал веднаш му понудиле и пасош, за во иднина да ги брани боите на „аѕурите“.

Доказ за тоа е и фактот дека Наумоски се нашол на списокот на селекторот Грегор Фучка, за настап во подготовките за ЕП за играчи до 16 години, на кое учествува и македонската репрезентација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:kurir.mk

Коментирај