Симптомите кои покажуваат дека немате доволно секс

0
1184

Кој е тој што не доживеал „сушен“ период во сексот? На некои тоа им се случува дури и кога имаат партнер или се во брак. И ако мислите дека само мажите запаѓаат во очајна потреба за секс, вие дефинитивно грешите. Ова се случува и со жените.

Дури и ако не сакате да го признаете тоа, се случуваат некои промени кога сексот е недоволен. Погледнете ги знаците:

Вие секогаш сте во лошо расположение
Вознемирени сте – си мислите дека сè околу вас е против вас. Чувствувате дека не можете да најдете начин да излезете од очајот. Недостатокот на секс често предизвикува промени во расположението.

Често мислите на секс
Вие продолжувате да имате сексуални фантазии и нивната листа расте без нивна реализација.

Се почесто ве привлекува некој
Лесно флертувате со било кој колега или пријател кој доколку се приближи кон вас лесно може да ви ги направи колената „меки“.

Чувате пакетче со кондоми во фиоката
Го купивте затоа што сакате да бидете подготвени, за секој случај. Но сепак не можете да сфатите кога тоа пакетче се „преселило“ од паричникот во фиоката и таму останало недопрено.

Чувствувате болка при сексуалниот чин
Сексот по долг период на „суша“ може да предизвика непријатности…

Коментирај