Силно невреме ќе ја зафати државата следните денови

0
113

Пеколниот бран и екстрмено високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен додека незначителен пад на истите ќе има во петок и за време на викендот за потоа повторно да бележат тенденција на пораст.

Сепак атмосферата нема да биде стабилна следните денови и тоа под влијание на висински циклонски систем и значителната влага која ќе ја имаме во атмосферата па така во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува Славчо Поповски.

Ќе има невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења и појава на град. Локално невремето може да биде и поизразено однсно со град од поголема величина.

Извор:лидер.мк

Коментирај