Силјановска: Во оваа земја не живее демократијата, а каде нема демократија, нема ни ЕУ

0
272

Демократијата одамна живее во Македонија, демократијата ја персонифицираат пратениците во парламентот, меѓутоа тие одамна не се наши претставници, односно се послушници на партиите на власт. Гласаат по порачка, на копче, се натпреваруваат во брзината на гласањето и по сето ова не сум слушнала ниту за собрание без опозиција, ова денеска од митингот во Аеродром го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Собранието треба да биде најпрестижната школа на демократија во која низ дијалог со аргументи и различни ставови, ставови на граѓаните се трага по консензус за најважните решенија. Не со тиранија на мнозинството, со купопродажба на гласови, не со кршење на уставот и законите бидејќи не сме ги овластиле за тоа, не сами со себе, не така како што ќе им каже лидерот на партијата, бидејќи тоа не е собрание. Тоа не е школа на демократија, тоа е узурпиран народен простор, зошто парламентите се нарекуваат и домови, граѓански домови, а не пратенички домови, одамна тој дом што би рекол Костурица е дом за бесење на демократијата. Без поделба на власта на законодавна, извршна и судска не може да постои демократија, трите власти мора да се ограничуваат меѓу себе со спреги и кочници за ниту една да не се издигне, зошто ако се издигне една над другите, тогаш жртви ќе бидеме ние граѓаните, односно човековите слободи и права. За жал ако нема собрание, ако претседателот е заборавен, дури и во функции кои се најпретседателски да склучува меѓународни во името на Република Македонија не на безимената држава како во Преспанскиот Договор, тогаш каде е власта? Власта е во првиот човек на владата, власта е во премиерот, но прашањето е ако е така тоа е и мој и ваш премиер и дали местото му е во кампања?, прашува Силјановска.

Таа додава дека Заев не смее да биде претпладне држава, попладне партија.

Ова важи и за сите министри оти тие треба да бидат слуги на народот, не слуги на премиерот и на власта. Крајно не вообичаено е појавување на министрите за внатрешни работи за време на изборите во јавноста, а не да агитираат низ Македонија. Тоа е проблемот на демократскиот дефицит на Македонија, тоа значи дека во оваа земја не живее демократијата, а каде што нема демократија нема ни Европска Унија. Не е добро само да мафтате со договори кои не ве водат во ЕУ, за ЕУ и НАТО треба да сте пристојно место за живеење. Ова место е далеку од Брисел, ова место уште еднаш ќе слушнете дека нема да добие датум за преговори, не затоа што го кочи опозицијата, туку поради недемократијата во Македонија – вели Силјановска.

Коментирај