Силјановска: Власта е делегитимирана, а 377.000 гласови се огромен капитал во борбата за Македонија

0
271

Кандидатот за претседател на државата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, по завршување на вториот круг од претседателските избори изрази голема благодарност на сите граѓани за огромната поддршка.

Силјановска Давкова истакна дека на овие претседателски избори се обидела да понуди нова визија за сите граѓани како и да помогне во градење на демократијата  која  во моментот ја нема во Република Македонија.

-Јас верував дека ако им се обраќам ним ако им понудам визија на граѓаните дека ќе можам да помогнам во градењето на демократија во Македонија која ја нема и добив невидено разбирање, невидена енергија, дијалог кој ми говореше дека она кое што го кажувам допира до нив, не само до нивниот ум, туку и до нивните срца.

Укажа благодарност до сите граѓани и посочи дека во оваа претседателска трка влегла со голема желба за да направи реални и суштински промени, но не само во политиката туку и во општеството.

-Јас сум им неверојатно благодарна за оваа неверојатно ретка прилика. Кога реков дека влегов со чисто срце, со големи желби за промени мислам на следново. Не се срамам што учествував во оваа кампања затоа што се обидов да внесам еден поинаков говор се обидов да го кренам нивото на дебатата, се обидов да бидам своја, се обидов да се однесувам според нормите на знаењето  и умот се обидов да не заборавам на етиката. Се разбира тоа беше неминовно затоа што мотото на мојата кампања беше правото и правдата а каде што има правда и право има и морал и етика, кажа Силјановска.

Според неа резултатот покажува дека во Македонија, СДСМ и Заев мора сериозно да препознаа важен актер и фактот во опозицијата, бидејќи тие со овој резултат не се толку силна како што се однесува, туку како што рече таа се поочигледно е дека со овие бројки власта е делегитимирана од страна на граѓаните.

-Се надевам дека триумфализам нема да завладее, се надевам дека за најважните прашања, ќе се бара мислење и од противникот но едно знам со ова сите проблеми во Македонија не се решени. Овој резултат покажува дека во Македонија во опозицијата мора да се препознае важен актер и фактор во понатамошниот развој. Ова покажува дека власта не е толку силна како што мисли бидејќи очигледно дека многу од гласовите што ги имала ги изгубила, да не речам дека легитимитетот ако мисли дека со ова и е зацврстен, се лаже, додаде таа.

Коментирај