Силјановска: Не само да ги славиме тие што загинаа за Македонија! Да ја сочуваме!

0
210

Професорката Гордaна Силјановска Давкова го честиташе празникот Илинден на својот Фејсбук профил.

„Не само да ги славиме тие што загинаа за Македонија! Да ја сочуваме! Нивната жртва е аманет за сите нас. Честит Илинден!“, напиша Силјановска на Фејсбук.

Таа беше во делегацијата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното одбележување на Илинден.

Тие беа заедно со други партиски функционери во струшкото село Ташмаруништа, каде Мицкоски  имаше свое обраќање. Илинден се славеше во Крушево, Скопје, Пелинце.

Извор:република.мк

Коментирај