Силјановска: Македонците постоеле како нација и пред да постои државата – Тие ја навредуваат не само Македонија, туку и нас и нејзините граѓани

0
174

Сакам најпрво да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателот Христијан Мицкоски, за можноста на демократски начин на Конвенцијата во Струга, како што наликува во еден дом, а не во хотел, во рамноправен натпревар со луѓе кои многу дале за ВМРО-ДПМНЕ, и кои јас ги почитувам и како студенти, но и како политичари да ја добијам довербата на Конвенцијата. Тоа е доказ за внатрепартиска демократија, оти нема демократија без внатрепартиска демократија, порача вечерва од Кавадарци кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Натпреварот беше витешки се изјаснуваа делегатите и тоа што јас бев онаа што ја одбраа покажа дека ВМРО-ДПМНЕ чекори кон вистински реформи, кон демократизација на Македонија, кон преземање одговорност за во најтешките моменти за нашата татковина. Благодарност уште еднаш, благодарност и до сите коалициони партнери, членовите на фамилијата „За подобра Македонија“, што препознаа во мене, човек кој дели ставови слични на нивните важни во овие тешки моменти, благодарност до моите колешки и колеги кои мислеа дека после неколкугодишно излагање јавно на ставови, на критики дека можеби јас сум жената што може исто така да се препознае во промените. Ама вечерва и благодарност голема до моите студенти, не се мои свои се, бунтовни, до Твитер заедницата и до Фејсбук заедницата зошто дијалогот што го водам со нив е неверојатно не само модерен, туку инспиративен. Зошто јас? Се сеќавам кога кандидатот за претседател на САД, Џон Кенеди рече: „Многу ми даде мојата татковина, многу добив од САД. Дојде времето јас да им вратам нешто“. Еии, за мене дојде времето јас да и вратам нешто на Македонија. Се што сум постигнала во животот, не можело да го постигнам ако не сум била од Македонија. Таа била мојата инспирација. И кога предрасуди постојат кон нас кои доаѓаме од малите земји ние мора да бидеме подобри од останатите. За да им ги срушиме предрасудите и за да не почитуваат. За жал она што ние го извојувавме, тие го трошат без да не прашаат. Тие ја навредуваат не само Република Македонија, туку и нас и нејзините граѓани. Затоа дојде време не само да им го предочиме тоа што ни го прават, не само да критикуваме, туку да им кажеме дека им дојде крајот. Нашиот почеток е нивен крај. Мишел Обама честопати велела дека кога тие паѓаат ниско ние одиме високо. Толку ниско се што ние ќе ги достигнеме највисоките македонски височини. Да почнам од најголемиот и најблискиот предизвик, претседателските избори, не сум јас најважната на овие избори. Јас знам дека има и други вредни жени, други вредни мажи, но мислам дека јас низ тој демократски натпревар презедов одговорност и дека сум решена да не ја срамам државата како што тие го правеа. Решена сум исто така да направам еден мал чекор, можеби за мене меѓутоа мислам дека за демократијата тој мал чекор може да биде пресуден. Но нема да чекорам сама знам дека по победата на претседателските избори заедно со новото парламентарно мнозинство ќе чекориме овде градејќи ја Европа. И Европа тоа ќе го препознае, ЕУ е унија заснована на вредности, на владеење на право, на демократија, на одговорност, на еднаквост на граѓаните, на просперитетна економија, на бирка со клиентелизам, на битка со непотизам, на битка со тероризам, а ние таму може да постигнеме многу повеќе, порача таа.

Силјановска Давкова говореше за македонската армија.

-Честопати заборавав да ја споменам армијата. Но еве сега ќе почнам намерно од неа на сугестија на еден мој студент, вреден член на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам зошто жена не би можела да биде врховен командант на вооружените сили. Јас мислам дека опасно е да биде командант на вооружените сили некој кој толку брзо говори, побрзо од мислите понекогаш ги кажува работите, контардикторен е, заборава што кажал, таква конфузија е опасна. За да се биде командант на вооружени сили треба да се мерат зборовите, треба да се брои времето, треба да се мисли на граѓаните, треба да се мисли на последиците. Тие се фалат со нашата армија меѓутоа заборавија да ја облечат. Боса армија не е армија. Заборавија дека и народот ни е бос. Но заборавија дека и Исус одел бос. Ние таа лекција ја знаеме. Зошто моралот, правото и правдата се на наша страна. Значи ако можат нашите војници да нижат успеси надвор, да им се восхитуваат, затоа што се посветени, затоа што се професионални, крајно време е не само на одбраната туку исто така и на армијата, туку исто така и на безбедноста да погледнеме со широки отворени очи. Не сум сигурна дека тие го прават. За да може да делуваме синхронизирано јас доколку ме изберете се разбира и доколку ми верувате во т.н. Совет за безбедност покрај оние луѓе кои се таму по функција, ќе назначам вистински експерти за безбедносните прашања зошто безбедноста денеска е многу важна во векот на тероризам и секакви безбедносни закани. Само луѓе од знаење можат да бидат критични. А, само критиката е здрава, оти ако не критикуваат ќе се замислувате дека сте нешто исклучително, дека сте нешто посебно, дека сте нешто невидено и ќе правите грешки. Јас ќе ставам крај на партизираните и политизираните луѓе во институциите на кои имам влијание и можам да предложам таму луѓе. Ако не го сторам тоа, тогаш нема да ми веруваат студентите зошто јас нив им велам единствено што вреди да се прави во животот е да се учи, да се работи, да се освојуваат височините на знаењето, на уметноста, на кретивноста тоа е најважното, тоа е никој не може да ви го одземе. Тоа ќе ве направи силни, тоа ќе ве направи сигурни, тоа ќе ги уништи фрустрациите во вас и тогаш нема да се одмаздувате нема да бидете реваншисти како сега што прават тоа со сите нас. Тоа зборува само за фрустрирани, за слаби луѓе, за несигурни луѓе, за луѓе кои се сигурни дека грешат ама мислат дека грешките никој не ги гледа. Но народот одлично гледа. Народот е тој кој што дава, народот е тој кој што зема. Каде, на изборите. Доаѓа тоа време. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ интересно со емпатија речиси на секоја средба ве замолува да излезете на претседателските избори и кажува убави зборови за мене. Му благодарам. Значи да излеземе на овие избори од една страна за да избереме некој кому му веруваме, ама и од друга страна за да и покажеме дека народот ги видел соголени. Дека видел дека не можат ништо да направат оти замислете единствената реформа што ја направија е реформата на нас, реформата на Македонија и го сменија името, а сега чекорат кон промена на идентитетот. Никој нема право на таква промена, никој. Никој не го одбрал името ниту на АСНОМ, ниту претходно. Името било нешто природно, нешто нормално, нешто неизбежно. Оти Македонците постоеле како нација и пред да постои државата Македонија. Значи таа немала избор, можела само да го земе она што и го дала нацијата. Велат дека нациите треба да одат во историјата но современата држава е нација држава. И всушност и ЕУ сега кога се реформира е свесна дека нема демократија без тоа да го побара и да го посака, кој? Граѓанинот на државите членки. Така и ние собрани околу вас и вие собрани околу нас ќе си го најдеме европското место. Ќе ги препознаеме евроспките стандарди овде во Македонија, оти не се оди во Брисел на Титаник, нивната власт е власт на Титаник. Ние иако велат дека имаме сидро што не влече долу имаме каде да се вратиме оти тоа сидро долу е коренот на нашата Македонија. Ако немате корен, не може да има дрва, не може да расцвета македонското дрво. Тие сакаат да го исушат дрвото од кое ние се храниме и земјата на која што стоиме. Но тоа нема да им успее. Кога ќе разлиста дрвото? Кога ќе има предвремени избори и кога на предвремените избори ќе победат оние кои никогаш и никогаш нема да ја заборават Македонија. Зошто има нешта кои не смеат да се жртвуваат за ниту една цел, па не знам колку и да е таа висока за нив. Јас не им се лутам на европските бирократи и технократи, се разбира тие се практични и прагматични. Во името на мирот и безбедноста гледаат да најдат решенија, ама компромисот може да биде компромис само меѓу рамноправни држави и субјекти. Не, овој компромис не беше рамноправен компромис. Овој компромис не е всушност ни компромис. Тој компромис е пораз. Доказ за тоа е што ние се плашиме, тие се плашат, а ние се срамиме од нивниот страв. Тоа што дури и химната ја заборавија да ја интоинираат, посочи професорката.

Силјановска Давкова порача дека сега доаѓа моментот на соочувањето со европската вистина, а тоа, рече, не може да се избегне.

-Да ни заблогодарија дека сме биле кооперативни и сме граделе добрососедски односи. Ама сега ќе речат ајде да видиме дали ги исполнувате стандардите. Од стандард, стандардни се само скандалите, стандардна е корупцијата, стандарден е криминалот, вонсериски е непотизмот. Тоа не се европски вредности. Тоа не се наши вредности. Затоа ние на поинаков начин ќе постапуваме од нив. Мислам дека набрзо се ќе биде јасно. Тоа јасно значи дека оние кои што имаат вредносни критериуми, оние кои што знаат што е тоа идентитет ќе се повикаат на него и ќе бидат инспирирани и ќе го бранат и така ќе докажат дека оваа мала нација и мала држава е европска држава, не само географски туку и културно, туку и историски и дека мора да се најде и за неа место под европското небо.  За жал тие во итањето само да бидат кооперативни, кога беа диригирани, заборавија на идентитетот, заборавија на достоинството, ама јас тоа не можам да го сторам. Зошто? Случајно во моето име има нешто што е врзано за гордоста. Јас како Гордана гордо ќе чекорам напред. Убаво велите да живее Македонија. Додека ние живееме ќе живее и таа. Нема да дозволиме да ја погребаат Македонија. Бидејќи јас цврсто верувам дека тие се оние што ништо немаат од Македонија ама ние пак највредното нешто што го имаме е токму Македонија. Претседателот нема не знам какви силни функции во ваков парламентарен систем. Ама тој има шанса да биде модератор, да биде неутрален арбитор, да укажува, да усмерува, да предупредува зошто и како, затоа што неговата власт, неговиот авторитет е врзан за народот. Тој мора да биде со народот. Секогаш, затоа тоа го викале многу претседатели меѓу кои и Абрахам Линколн, американскиот претседател. Ако е така тогаш тој треба да има цврст легиминитет. Верувајте ми речиси нема поцврст легиминитет од оној на македонските претседатели. Зошто во првиот круг се бара мнозинство од запишаните што е тешко да се постигне, во вториот круг одат двајцата најдобри и во него се бара мнозинство од излезените ама под услов да има 40%. Што вели правото, изборното право дека тоа е редок правен феномен дури и во една Франција каде што претседателот има далеку посилни ингеренции од оное во Македонија. Јасно ви е дека тоа е договор кој што е направен заради добрите меѓуетнички односи. Меѓутоа јас сум голем противник на изборот на претседателот во Собранието, тоа им е идејата, сакаат како што сами го менуваа кривичниот законик без опозицијата, како што сами си донесоа како божем закон за амнестија, а всушност тоа беше некој хибрид меѓу амнестија и меѓу помилување, кој е непознат во казненото право. Како што самите си го сменија Уставот, сакаат сега и самите да си го изберат претседателот. Не, ние кои сме овде повеќе веруваме во мудроста на народот да препознае човек кој што може да биде претседател или претседателка ододшто во тие 81 фикуси таму кои гласаат како што им сугерираат. Не смееме да дозволиме двајца луѓе да ни бираат претседател, а другите само да креваат раце. Тоа е лошо. Не само заради лошиот избор и заради пазарите туку и заради тоа што во тие пазари може и да останеме без претседател. Па претседателот на Собранието да глуми претседател во определен период. Тоа не е добро решение. Затоа и бојкотот на избори не е добро решение. Јас сум многу среќна кога во разговорите со луѓето кои стојат овде пред мене сме заклучиле дека лошо е сета власт да биде на едно место. Лошо е и законодавната, и извршната и судската власт да бидат конторлирани од една партија или само од неколку партии. Не, тоа нема да го дозволиме. Ако ние после многу, многу децении не можност да бираме претседател и градоначалници во комунистичкиот систем, сега го имаме тоа право и тоа право не смееме да ви го одземеме, вие треба да го имате и првиот и послениот збор за тоа каков човек или каква жена треба да ја води Македонија. Да живее Македонија, порача Силјановска Давкова.

Кандидатот за претседател пред големиот број на кавадарчани зборуваше за Преспанскиот договор.

-Како што гледате по овие непрекинати патешествија на кои да бидам искрена не сум многу научена и навикната ништо не ми фали. Се чуствувам прекрасно. Тоа е заради вашата енергија што кружи и јас верувам дека има некое право и правда во универзумот и во македонскиот микрокосмос. Тоа е она што не прави силни. Тоа е она што не прави смирени. Тоа е она што не прави умерени зошто ние имаме знаење и аргументи. А, тие ништо не сторија за две ипол години, освен што го сменија името. Е голема реформа. Претпоставувам дека следните две години ќе ги потрошат во исполнување на Преспанскиот договор. Ама однадвор сега пролетва ќе им кажат не е тоа доволно. Договор си е договор, ама стандарди европски се стандарди. А, се во оваа земја е за жал нестандардно само лагите се стандардни. Важна надлежност на претседателот на Републиката, на претседателката е меѓународната политика и меѓународните односи. Ако некој се повикува на знаење, на авторитет, на креативност, на мудрост тогаш мора тоа да го бара и од оние кои ќе треба да ги предлага надвор. Треба да ставиме крај на партизираните дипломати, конзули. Треба да испратиме, да го испратиме најдоброто во светот. Зошто по нив ќе судат за нас. Ако тие се умни, ако тие се посветени, ако тие не се срамат од Македонија, ако тие не организираат ниту еден настан без химната, ако тие се горди со грбот, со знамето тогаш и односот кон нас на сите тие надвор ќе биде поинаков. Нема да не потценуваат, туку ќе не почитуваат. Можеби нив им одговара нивниот однос ама сигурни бидете дека ги презираат. Никој не сака луѓе кои се потчинуваат. Секој сака луѓе со достоинство, нација со достоинство. Ние таква нација преку амбасадорите ќе претставиме надвор. Го споменав Вардар, нашата гордост, мислам дека ако надвор водиме не само традиционална дипломатија туку ако водиме и спортска дипломатија ова се нашите дипломати. Сите денеска зборуваат за Вардар и јас сум сигурна дека Стојанче Стоилов нема да рече Северна Македонија. Тогаш покрај спортската дипломатија ќе развиваме и културна дипломатија зошто понекогаш уметноста, филмот, науката можат да сторат многу повеќе од многу амбасадори и конзули. Исто така не можам, а да не кажам дека е важна економската дипломатија, ама економијата не може да цвета ако нема правна држава. За да имаме добра економија треба да има извесност, е чувте што кажаа германските фирми во Македонија за македонската економија. Еве јас сум пристрасна ама како ја вреднуваат тие? Со нула. Можеби некој дури и со ирационален број. Е така стои македонската економија. Ние ќе развиваме економска дипломатија, ќе отвараме значи амабасади таму каде што ни се најпотребни, каде што препознаваме храна за македонските економски односи. Тоа ќе поттикне што? Тоа ќе поттикне враќање на оние кои што си заминаа, најмладите. Над 60-тина проценти и ќе ги задржи оние кои ќе станат свесни или ќе препознаат дека оној што е добар може да живее добро овде. За жал сега европски во Македонија живеат само еден грст на луѓе. Не се тоа ни најумните, ни најдобрите, не тоа се групата на олигарси осбрани околу Владата. Ако постојано зборувам за право, за правда, за морал, за владеење на правото тогаш логично е во Уставниот суд да препознам бранители на Уставот. Оти Уставот е не само закон над законите, туку и нашата општествена повелба. Ние индивидуите се договоривме од 91-ва година на референдумот каква Македонија сакаме, самостојна и независна. Е тогаш се радувавме на плоштадот. Ама кога го склучија Преспанскиот договор плачевме дома, порача таа.

Силјановска Давкова порача дека ќе го користи ветото.

-Ветото е важен инструмент кој ги потсетува пратениците дека треба уште еднаш да ги обмислат законските решенија, дека и тие се под Уставот, дека не се надвор од него, дека не се над него. Значи тоа е важна спрега и кочница во однос на опасноста од тиранија на мнозинството. А, ние во моментот имаме тиранија на парламентарното мнозинство, толку е едногласно, толку е рутинирано, толку е хомогено, што не личи на Собрание. Собрание без дебата нема. Дебата без опозиција нема. Во Британија велат опозиција на нејзиното височество, зошто ако не ве критикува некој, ако не ве гледа со недоверба вие ќе имате проблем со мислењето и со добрите одлуки. Ќе се обраќам пред парламентот повеќепати не само еднаш. Не за да покажам колку сум умна и да вежбам реторика, туку да ги адресирам најваѓните проблеми на граѓаните. На лицата со посебни потреби, на пензионери, на земјоделците, на младите. Тоа е претседател кој што води сметка за сопствената држава оти држава без граѓани нема. Тие велат држава, тоа сме ние, не се тие. Тој вели држава тоа сум јас, не тоа не е тој. Тоа треба да му се покаже. Истото ќе го правам и во однос на сите други надлежности. Надлежноста во Советот за безбедност, ќе биде ненадлежност на пријателска, партиска или политичка основа, туку ќе биде надлежност усмерена кон обезбедување безбедна Република Македонија. Последната реченица, дури и на наградите и одликувањата ќе одат кај оние кои ги заслужуваат. А, не кај послушните. Уште еднаш неверојатно сум среќна што сум меѓу вас. Ви благодарам на енергијата. Да живее Република Македонија, порача Силјановска Давкова.

Коментирај