Силјановска: Имаше измени во Кривичниот законик за да бидат заобиколени луѓето кои го поддржуваат Пендаровски

0
264

Професорката Гордана Силјановска Давкова во дебатата на телевизија Телма посочи дека во Кривичниот законик се случиле измени за да не можат да бидат процесуирани случаите на луѓе кои го поддржуваат кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

Таа истакнува дека селективната правда не е правда, а однадвор во Македонија го забележуваа режимот, кој го нарекуваат хибридна демократија. Силјановска повтори дека независно судство не се гради само со измена на закони.

– Не е само СЈО иако го посочувате, најважното. Ние видовме измена на Кривичниот законик персонализирана, наменска за луѓе од една партија која го поддржува господинот Пендаровски, да бидат бајпасирани, да не можат да бидат процесуирани нивните случаи. Селективна правда не е правда. Однадвор го забележуваат режимот, затоа велат илиберална демократија, хибридна демократија. Повторувам независно судство не се гради само со измена на закони. Еве последното, ако го оставивме да биде некогашниот заменик Јавен обвинител, јавен обвинител, кажете ми како очекувате вистински реформи со човек кој што чиј простор, зграда беше најобојуваната. Од тоа не бива реформи. Или со истите судии, вели Силјановска.

Коментирај