Силјановска Давкова: Не е прв пат Владата да не води сметка на начелото на поделба на власта

0
154

Вечерва во емисија „Што не е јасно“ гостуваше проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова која што посочи дека Владата не е Уставен суд, да може во тоа име да говори што е уставно, а што не.

-Прво Владата не е Уставен суд, и не може да каже што е уставно, а што е неуставно. Меѓутоа она што мене како правник ме изненадува е следново, ако не постои за владата членот 11 како што се тврди, тогаш како тоа ќе прави Собранието, ќе посегне по автентично толкување на нешто што не постои, запраша Силјановска Давкова.

Таа додаде дека тој член беше оживеан на еден многу чуден начин со членот 11а.

-Ако постои член 11а, А-то нема никаква логика да стои без 11. Секогаш ме зачудуваат вакви дилеми за нас правниците, зошто не е само во прашање правната логика туку во прашање е и здравиот разум. Како ќе оценувате нешто што велите дека не постои. Тоа значи посегање по волшебнички, а не по правни инструменти, заклучи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека ќе беше многу подобро ако иницијативата за автентично толкување на членот 11 од друг овластен предлагач , од Врховниот суд, или од самиот Уставен суд, или од Народниот правобранител.

-Кога било кој друг е предлагач тогаш Владата дава мислење како сега, а Владата ги повика пратениците да покренат ваква постапка. А, вака повторно Владата се однесуваше партеналистички кон Парламентот, кон пратениците и пак не водеше сметка за начелото на поделба на власта, рече таа.

Коментирај