„Сигнал“: Дарио Николовски си го вработи братот во МВР, па и се пофали на Фејсбук?!

0
626

Директорот на студентските домови, Дарио Николовски денес заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, му го честитаа на Кристијан Николовски, брат на Дарио, приемот во полиција, објави порталот Сигнал.

По фотографијата објавена на Фејсбук, каде министерот, директорот и тазе полицаецот се сликани се поставуваат прашањата:

-Дали братот на Дарио некогаш ќе станеше полицаец доколку Дарио не беше близок со Оливер Спасовски? Какви се ургенции имало од страна на директорот за згрижување на својот брат во МВР, прашува порталот.

Коментирај