Си измислил фудбалска кариера: Мексиканец убедливо лажел дека е фудбалер на Јувентус!

0
113

Мексиканец по име Дионико Фарид одлучил да си измисли своја фудбалска кариера.

На својот Инстаграм профил тој се претставил како 19 годишник роден во Мексико и како играч на тимот на Јувентус до 20 години.

Во Торино „пристигнал“ откако скаутите го забележале на еден турнир во САД, а претходно го носел дресот на максиканските Лобос и Пумас.

Изманикот е откриен откако Јувентус потврди дека ниту помеѓу сениорите, ниту во јуниорите нема ниту еден Мексиканец.

Од каде тогаш Фарид на тренингот на младинскиот тим на Јувентус? Така што тој својата глава ја ставал на телото на Португалецот, Жоа Сера.

Откако измамата била откриена, Инстаграм го отстрани профилот на Фарид на кој има 16.000 следбеници. На него повеќе од една година објавувал лажни фотографии, интервјуа, извештаи од натпревари…

Извор: sportski.mk

Коментирај