Што треба да направат мажите после првиот состанок

0
991

Ако првиот состанок поминал добро, дамите се радуваат и чекаат повик за втора средба. За да го негувате интересот и нормално да се потрудите да го зголемите кај дамата со која сте имале средба вие треба да го „згазнете“ вашето его, да не се правите на мачомени туку едноставно да ја поканите девојката на втора средба што е можно побрзо. Значи втората средба ќе биде уште повозбудлива, а дамата ќе остане со заробено срце.

Еве што треба да направи секој маж по првата средба, ако секако останал фасциниран од девојката со која се сретнал:

1. Побарајте втор состанок
Ако ви се допаднал првиот состанок поканете ја девојката повторно на средба. Вие нема да згрешите ако го направите тоа, наместо да следите некои глупави правила на возбудлив интерес.

2. Пишете ѝ или јавете ѝ се уште следниот ден
Не се правете на недостапни и зафатени. Сакате да ја видите веднаш? Најдете си го најсоодветниот начин како ќе и го кажете тоа и не грижете се.

3. Не очекувајте секс веднаш
Многу мажи ја прават грешката веднаш да извршат притисок за секс. Не брзајте.

4. Бидете позитивни 
Натерајте ја да се смее. Бидете позитивни, кажувајте шеги, смејте се… Љубовта кај жените оди преку смеата.

5. Слушајте ја внимателно
Ништо не остава поголем впечаток кај жените колку што остава вниманието на мажите кон нив. Ако покажете дека сте ја слушале внимателно и сте запаметиле што кажала дека и се допаѓа и дека сака, ќе ја освоите сигурно.

6. Кога сте на состанок, не гледајте во други жени
Заборавете на жените кои минуваат. Фокусирајте се на девојката со која сте излегле. Вашиот поглед нема да остане незабележан.

7. Наместо комплименти за нејзиниот изглед дадете и комплименти за нејзиниот остар ум
Оценете го интелектот на вашата дама. Нема поценет подарок за жената ако ги потенцирате нејзините интелектуални квалитети наместо нејзината блуза…

8. Не се согласувајте со сè што кажува
Ако сакате да изгледате како будала само климајте со главата. Но, ако сакате да ја импресионирате со вашето мислење и ставовите по дадени прашања, изразете несогласување на почитуван начин.

Коментирај