Што треба да јадете пред да останете бремени

0
639

Исхраната е од голема важност за време на бременоста, но и исто така е од големо значење во периодот кога се обидувате да зачнете бебе.

Храната ја зголемува плодноста и влијае благотворно на здравјето и на целиот тек на бременост. Подогответе се вие и вашето тело и потрудете се да нема варијации во текот на следните 9 месеци.

Фолна киселина

Сите жени кои се во репродуктивен период треба дневно да внесуваат помеѓу 400 и 800 микрограми фолна киселина(витамини Б9). За време на бременоста, дозата треба да се зголеми. Фолна киселина се наоѓа во спанаќот, ќељ, цитрусните овошја и интегралните житарици.

Спанаќ

Кога ќе почнете да ја планирате бременоста, зголемете го внесувањето на спанаќот. Ова е од голема важност за вашето здравје, но и за здравјето на бебето. Се намалува ризикот од постпородилна.

Риба

Омега 3 маслото многу позитивно влијае на плодноста на жената.

Пренатални витамини

Иако не се замена за храна, сепак се одличен додаток во исхраната. Во консултација со гинеколог и негова препорака обавезно вклучете ги во секојдневната исхрана.

Многу овошје и зеленчук

Ова веројатно сите го знаат, но, сепак не е на одмет да се повтори. Секогаш гледајте да ги јадете свежи и не преработени.

Коментирај