Што се случува во Гази Баба? Енормно загадување на воздухот среде летo, граѓаните во паника

0
196

Големо загадување на воздухот може да се забележи моментално во скопската населба Гази Баба, за разлика од другите скопски општини.

Имено, станиците за мерење на квалитетот на воздухот покажуваат дека во моментов се измерени енормно високи 485 мг/м3 ПМ 10 честички.

Дозволеното ниво на ПМ 10 честички во воздохот е 50мг на метар кубен, што значи дека моменталното загадување во Гази Баба е дури 10 пати над дозволеното.

Извор: kurir.mk

Коментирај