Што се случува во една секунда на интернет?

0
116

Ретко за кој од нас една секунда значи нешто многу. Но, една секунда на Интернет пишува историја. На пример, во 1998 година, пребарувачот Гугл во текот на едно деноноќие добивал само 10.000 поими и прашања за пребарување. Ако се прашувате зошто го употребивме зборот „само“ продолжете со читање. 🙂

Според податоците на статистичката компанија Internet Live Stats, Гугл секоја секунда обработува импресивни 54.000 поими за пребарување или цели 90 милијарди клучни зборови за пребарување на месечно ниво.

Но, Гугл не е единствениот кој има огромни бројки.

Секоја секунда, корисниците на сервисот YouTube гледаат 125 406 видеа.

Во рок од една секунда, на глобално ниво, се испраќаат 2 501 018 меилови од кои 67% се спам пораки.

Секоја секунда се објавуваат помеѓу 6000 и 7000 твитови, односно твитерџиите во рок од една минута пишуваат околу 350 000 твитер постови.

Инстаграм корисниците секоја секунда објавуваат 729 фотографии на Инстаграм, преку Скајп се извршуваат 2 177 повици, а во оваа секунда во просек околу 20 000 луѓе „дремат“ на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук. Секоја секунда, Фејсбук добива по 5 нови корисници.

www.hybread.mk

loading...

Коментирај