Што се случува со руската тенисерка Марија Шарапова? Зошто откажа и во Мадрид?

0
383

Руската тенисерка Марија Шарапова го откажа претстојниот мастерс ВТА турнир кој ќе се игра во Мадрид.

Таа ги отфрли сите шпекулации дека поради бременост нема да игра во Мадрид, одговарајќи на прашања од фановите на Инстаграм.

– Дали сум бремена? Не, – напиша Шарапова.

Неодамна, Шарапова се повлече и од турнирот во Штутгарт, а ќе го пропушти и турнирот во Мадрид од 4 до 11 мај, по што се појавија шпекулации дека е бремена.

Според Шарапова, причина за отсуството е недоволно време да закрепне од повредата на рамото кое ја мачи веќе извесен период.

32-годишната Шарапова е во врска со британскиот милионер Александар Гилкс, основач на аукциската куќа „Падел 8“

Коментирај