Што не знаеме за пенисот?

0
1644

Кога станува збор за нашето машко достоинство сите почнуваме да се мислиме за експерти. Но всушност постојат многу факти за кои не сме слушнале досега.

Можете да кревате тегови со пенисот
Ова се случува преку совладување на кунг-фу техника која се извршува со помош на каиш ставен околу пенисот.

Ерекцијата поминува низ неколку „фази“
Според истражувањето на „Виагра“ цврстината на пенисот може да биде: голема- но сè уште недоволно тврд, недоволно цврст за пенетрација, погодна цврстина за пенетрација – но не тврд како „камен“, целосно подготвен.

Некои бактерии на пенисот може да доведат до СИДА
Оваа зона содржи бактерии кои многу од нив се безопасни или дури и корисни. Врвот на пенисот сепак може да има некој тип на бактерии кои го зголемуваат ризикот од ХИВ инфекција.

Утринската ерекција може да биде болна
Мажот обично добива од 3 до 5 ерекции за време на сонот. Болните ерекции се релативно ретка состојба и се добиваат само додека спиете.

Жените го гледаат вашиот пенис поголем отколку што е
Паметот ги лаже 🙂 ! Секако нас тоа ни одговара и не бива да се жалиме за тоа нели? 🙂

Можете да ставате пирсинг на пенисот, колку пати сакате!
Само ќе кажеме дека мажот кој го држи рекордот за најмногу пирсинзи на телото, Ролф Бухолц, има точно 453 обетки, од кои 278 се на неговиот пенис.

Испревртените тестиси можат да бидат многу опасни
Тестисите не се заплеткуваат толку лесно како слушалките на телефонот. Но сепак можно е едниот од нив да се заплетка околу другиот и да го прекине приливот на крв. Нема потреба да објаснуваме колку боли и дека можете да го изгубите едниот тестис.

Ерекцијата може да ве натера да направите погрешни одлуки
Додека е возбуден, мажот може да се согласи на тројка со друг маж, галење по анусот па дури и да почнат да му се допаѓаат и високи потпетици 🙂

Коментирај