Што ќе се случи со пештерата Там Луанг?

0
136

Пештерата Там Луанг во која 12 деца и нивниот тренер 18 дена беа заробени ќе добие потполно нова намена.

Комплексната пештера, која се наоѓа на границата меѓу Тајланд и Мјанмар  ќе стане музеј кој ќе прикаже на кој начин е извршена спасувачката мисија која беше спроведена во минатите денови, потврди водачот на операцијата.

Двајца британски нуркачи ги пронајдоа 12. деца и нивниот тренер девет дена откако исчезнаа во поплавената пештера, а уште толку време беше потребно за спасувачките екипи да ги извлечат во мисијата во која загина еден спасувач.

Инаку, постои само еден водач за релативно неистражената пештера кој сведочи за „импресивна комора на влезот“ која води до означена патека, а потоа и серија нови комори.

Мештаните велат дека одамна им сигнализирале на властите појасно да ги истакна натписите во сезаната на поплави во пештерата. Со тоа пештерата од четврток ќе биде затворена, а се уште не е соопштено до кога.

Чонгклаи Ворапонгсаторн, заменик генерален директор на Одделението на национални паркови и диви средини истакна дека постојат планови да се „оживее“ националниот парк, односно дел од пештерата каде преходните дваесет дена живеаја спасувачите и останатите кои помагаа.

МИА

Коментирај