Што ја премисли Русковска: Зошто таков пресврт во ставови, зошто одлучи да ги затвори вратите за „Peкет“?

0
1683

Новинарот Предраг Димитриевски на телевизија 24 со огромна доза на сомнеж говореше за денешната одлука на Вилма Рускоска јавноста да биде изземена од судењето за „Рекет“ при изведувањето на доказите. Тој директно запраша што можеше да се случи за помалку од 24 часа за да се случи таков пресврт во ставови на јавен обвинител и на судечки совет.

-Јас ќе почнам од пракса од тоа што вчера и денес се случувуа во судницата на судењето за случајот „Рекет“. За помалку од 24 часа и обвинител и суд сменија став, своја одлука. Не може обвинител на вчерашното рочиште со образложение да нема сомнежи никакви да каже дека утре ќе се слушаат снимките од телефонските разговори на веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец, судот тоа го прифати и одбраната и обвинетите се сложија, денеска на рочиштето јавноста надвор. Зошто? Да се заштити интегритет на одренедени личност. Сега јас да прашам што може да се случи за помалку од 24 часа таков пресврт во ставови на јавен обвинител и на судечки совет да се случи, запраша новинарот.

Коментирај