Што да јадете на работа, а тоа да не се сендвичи?

0
337

Кажете им „не“ на брзата храна и на јаглехидратите, мислете однапред и хранете се здраво.

Доста ви е од печива, сендвичи, крофни, грицки и слични оброци кои секојдневно мора да ги јадете за да го издржите денот на работа? Тешко е да се свари нешто на пауза, а најчесто ниту не постојат услови за тоа. Ако навистина сакате на своето тело да му подарите добар ден но и долготраен живот, кажете им „не“ на секојдневните јагленохидрати и хранете се здраво.

Секако, ова во повеќето случаи значи дека треба да сварите нешто дома. Некои јадења се дури и подобри кога ќе отстојат преку ноќ, како гулашот, гравот, леќата, боранијата, зелката, брокулата, грашакот и слични вкусни оброци.Сепак, ако баш и не ви се носи гулаш на работа, затоа што незгодите со течната храна се можни колку и да внимавате, пробајте со ладни салати. Се што е со тестенини и ориз без проблем може да издржи преку ноќ додека не дојде време за вашиот ручек.

Суперсалата за вита линија и здраво тело

Ако вечер претходно сте имале на менито месо и ви останало едно парче, направете си салата со зеленчук и месо што е исклучително здраво и хранливо. Печеното пилешко или мисиркино се исто така супер избор. Направете ги вечер претходно, а на ручек комбинирајте ги со салата, на пр.со кисела пиперка.

Прва помош

Набавете си термо сад кој совршено ќе ја чува вашата храна, а со тоа и вашиот организам. Ако не стасате нешто да сварите, сепак не потклекнувајте пред бурекот и крофната туку купете си јогурт и во него ставете житарки – тоа ќе ве засити и е хранливо. Прва помош може да ви биде зрнестото сирење, туната и салата од зеленчук, а на крај, и некое овошје.

Коментирај