Што барал министерот Филипче на средба со шоумен како Боки 13?!

0
317

И името на министерот за здравство Венко Филипче се спомена вчера на рочиштето за предметот „Рекет“ против Бојан Јовановски познат како Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.

Министерот Филипче го спомена сведокот и жртва во случајот, бизнисменот Орце Камчев кој одговарајќи на прашања рече дека на еден од состаноците меѓу него и Јовановски присуствувал и министерот за здравство.

„Бев повикан на средба за да ми понудите одредена работа која јас ја одбив. Беше присутна жената која работи кај Бојан дома, Зоки Кичевскиот и министерот за здравство Венко Филипче“, рече Камчев одговарајќи на прашање од обвинетиот Јовановски.

По ова сведоштво на Камчев се отвори дилемата во какво својство министерот за здравство Венко Филипче имал средба со Бојан Јовановски и Јордан Камчев.

Во изјава по сведочењето Камчев застана во одбрана на Филипче. Вели дека Филипче на тој состанок не барал ништо од него, а проектот што Јовановски го нудел бил одбиен и не се реализирал.

Инаку, името на министерот веќе се поврзува со аферата „Рекет 2“ во кој што, според досега неофицијални информации, вмешан е и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Во овој случај се работи за вршеле притисок врз домашна компанија, злоупотребиле позиции и овластувања за одвраќање на светски здравствен гигант, шведската компанија да не инвестира во Македонија.

За аферата е отворена истрага и од обвинителството за организиран криминал. Но, засега нема информации до каде е постапката.

Филипче го потврди Камчев дека бил дома кај Боки 13, но не за рекет туку за болници

Филипче за „Рекет“: Средбата се одржа на барање на Јовановски и со Камчев не се договоривме за ништо

Во домот на Боки со Камчев бил и Венко Филипче

Коментирај