Штитеник побегнал од Дом, ја претепал мајка си и се заканувал со нож

0
346

Вчера во 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека истиот ден околу 9:45 часот нивен 17-годишен штитеник самоволно ја напуштил установата.

Истиот ден во 15:50 часот во Полициската станица Кисела Вода Љ.К.(47) од Скопје пријавила дека околу 14 часот во семејниот дом од страна на нејзиниот 17-годишен син, кој избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ физички била нападната.

Во Полициската станица Кисела Вода и Т.М.(39) од Скопје пријавила дека во продавница на улица „Христо Татарчев“ додека била на работното место 17- годишниот малолетник влегол со нож во раката и упатил вербални закани.

По преземени мерки од полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Потоа малолетникот бил вратен во установата од каде се оддалечил.

Пред неколку дена МВР информираше за сличен случај поврзан со 17-годишното момче.

Извор:republika.mk

Коментирај