Штип Armakeddon ॐ Festival! 1 Мај

0
291

 

После две успешни изданија, психоделичниот „Армакеддон Фестивал“ за 1 мај се враќа по трет пат во Штип.

Организатори се Active Meditation Music, кои велат дека го одбрале Дом на млади – Штип како локација за овој настан, каде има отворена сцена, но и затворен простор во случај на дожд кој спречи неколку журки на отворено последниве неколку години.

„Одлична музика од најдобрите македонски артисти, место за кампување, храна и пијалоци, жонглери и перформанс со огин, визуелна уметност, и сето тоа по пристапни цени за нашата хипи публика!“, велаторганизаторите.

За фестивалот се најавени десетина артисти, продуценти и диџеи.

Demoniac Insomniac е Борис Киров, сопственик на издавачката Active Meditation Music и човекот позади „Армакеддон фестивал“. Започнува да се занимава со психоделичен транс на 13-годишна возраст, а за неговата музика вели е „fullpower psychedelic тrance – патување низ свеста и подсвеста, пекололот и рајот, микрокосмосот и макрокосмосот“. Киров има настапувано од Србија, Италија, Русија, па се до Јапонија, Непал, Мексико и Гватемала. Годинава одбележува јубилеј – една деценија Active Meditation Music.

Blisargon Demogorgon е Валентино Тренчев, кој во 1999 ги креира своите први траки и до сега има издадено неколку албуми и многу траки на повеќе различни издавачки куќи низ светот. Неговиот звук може да се опише како мокна ноќна музика, исполнета со многу атмосфери и различни ритмови. Издава музика и со неговиот проект и издавачката куќа Bhooteshwara Records.

Психоделичната приказна на Кристијан Крстевски ака Seth започнува уште на многу рана возраст. Неговата музика e „night fullpower psychedelic trance“. Траките содржат мрачни атмосфери, но сепак полни со хармонија и мелодија, што го прави Seth уникатен артист на сцената. Својот деби албум „Sonic Geometry“ го издаде за Active Meditation Music.

Fobi е музички проект на Дарко Велковски. Првиот контакт со психоделичниот транс го има во 1997 година, а почнува да се занимава со диџејство од 2000 година, за две години подоцна да се роди – Fobi. Стилски, може да се опише како мешавина меѓу денска и ноќна музика, која е рецепт за неговите настапи, како во Македонија, така и на светската транс сцена. Во 2011 година ја отвора Green Wizards Records.

Покрај нив, на фестивалот се најавени и Дејан Анастасов алијас Micromoment, потоа шумскиот психоделичен проект Extrasensory Perception (ESP) на Никола Крстевски, но и Selprohal проектот на Јован Стојковски, кој е дел оd Phoelynx колективот од Битола.

Исто така, свои сетови ќе имаат и Ra’s al Ghul – Марко Трајков, D.Elf  – проектот на Деа Плевнеш, а аудиториумот ќе има можност да го слушне и колаборацискиот Cosmos Disorder на Seth и Demoniac Insomniac.

Специјален перформанс со огин ќе има групата Acid Tripple од Битола, додека за УВ-декорот е задолжен Afadrenalin.

Влезoт на фестивалот е 150 Денари, а со секоја купена влезница се добива ЦД од Active Meditation Music

 

 

 

youth-fest-za-web za-web za-web-tehno

Коментирај