Штетноста од седење со прекрстени нозе

0
294

Седење со прекрстени нозе се смета дека најчесто е карактеристика на жените заради која изгледаат поатрактивно. Визуелниот ефект на страна, ваквиот начин на седење не е препорачлив од здравствени причини. Сигурно сте забележале кај себе дека штом станете од оваа позиција, чувствувате здрвеност во нозете, тежина при одот, вкочанестост во грбот и неколку други промени на кои не обрнувате внимание.

Што се случува со телото кога ова е позицијата на седење:

Ако практикувате да седите со прекрстени нозе неколку часа, тоа може да доведе до парализа на одредени нерви. Ова истото се случува ако седите во друга позиција извесен период, но најверојатно е дека прекрстените нозе предизвикуваат најголем проблем.

Во 2010, неколку различни истражувања докажаа дека прекрстените нозе го зголемуваат притисокот на крвта во телото. Дури и да немате проблеми со крвниот притисок, одбегнувањето на оваа позиција ќе спречи понатамошни проблеми со крвотокот. Кога ја ставате едната нога над другата, крвта од нозете оди нагоре кон градите, со што се зголемува количеството крв кое се испумпува од срцето, заради што е зголемен крвениот притисок.

Освен тоа, прекрстените нозе можат да предизвикаат карлична нерамнотежа која го зголемува притисокот на нозете. Уште една негативна карактеристика на оваа позиција е ризикот од проширени вени. Иако за ова најголем придонес има генетската предиспозиција, сепак притисокот на нозете може да доведе до воспалението на вените. Кога нозете се прекрстени, притисокот врз вашите вени се зголемува и го попречува протокот на крв.

Последното истражување на оваа тема го има следниов резултат: ако во текот на денот седите во оваа позиција повеќе од три часа, големи се шансите да предизивикате прекин на дотокот на крв, болка во грбот и вратот и неудобност и болка во колковите.

Препораките се – да не се практикува воопшто оваа позиција на седење за да се избегнат можните компликации штетни по човековото здравје.

Коментирај