Шпанскиот селектор си тера мајтап со Македонија?

0
615

Шпанскиот селектор Жорди Рибера предупредува дека најтешките предизвици за неговите избраници допрва претстојат, имајќи високо мислење за Македонија, со која Шпанија ќе ги одмери силите в среда навечер.

Рибера вели дека Македонија “играла опасно 7 на 6“, но нејасно е дали шпанскиот селектор е сериозен во ваквата изјава, ако се земе во предвид нашата “опасна“ игра 7 на 6 на вчерашниот меч против Словенија, кога балканската селекцијата буквално не’ здроби.

-Македонија  е квалитетна репрезентација која во своите редови има добри и искусни ракометари. Ги гледавме на овој шампионат и играат опасно „седум на шест“, но јас верувам во својата репрезентација и очекувам да стигнеме до посакуваната победа – изјави Рибера.

Коментирај