Шпагети со сланина и хопла

0
1461

Состојки: 

  • 300 гр. шпагети
  • 300 гр. сланина
  • 200 мл. хопла
  • 3 жолчки
  • 3 лажици вода
  • 2 глави кромид
  • 4 лукчиња
  • 50 гр. путер
  • црн бибер
  • сол

Подготовка:

Шпагетите (300 гр.) ставете ги во врела посолена вода и оставете ги да се варат според инструкциите на пакувањето. Во тоа време кромидот (2 глави) и лукот (4 чешниња) ситно исецкајте ги и заедно со ситно сецканата сланина (300 гр.) пржете ги во путерот (50 гр.) во длабока тава или тенџере додека сланината стане златна.
Потоа додадете ги исцедените шпагети, и со непрестано мешање додадете ја хоплата (200 мл.). Измешајте ги водата и жолчките (3 парчиња) па постепено ставајте ги во смесата со шпагетите. Зачинете со сол и црн бибер по вкус.
Шпагетите се служат топли и по желба посипете со рендан пармезан или рендана моцарела.

На здравје!

Коментирај