ШОКАНТНО: Нови докази за потонувањето на Титаник – сантата мраз не е причината?

0
1343

Експерти дошле до нови сознанија за причината за потонувањето на Титаник во април 1912 година во Атлантикот, при што животот го загубија над 1500 патници и членови на екипажот.

Иако досега се веруваше дека причина за несреќата е ударот во огромна ледена санта, новите докази укажуваат дека катастрофата на Титаник започнала од пожар кој избил во трупот на бродот непосредно пред испловувањето кое сопствениците не сакале да го одложат.

Новинарот Сенан Молони, кој повеќе од 30 години се занимава со катастрофата која го снајде Титаник, проучувал некои ретки фотографии кои ги снимил главниот електричен инженер  на бродот. Забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот, од десната страна на трупот на местото каде подоцна удрила сантата лед.

Дамките најверојатно настанале поради пожар во една од просториите со котли. Пожарот се обидувале да го изгаснат 12 луѓе, но бил преголем за да се стави под контрола, а температурата била над 1.000 степени.

Екипажот на бродот наводно добил наредба од претседателот на бродската компанија „White Star Line“ на никој од 2.500-те лица да не кажуваат за пожарот бидејќи веројатно истиот брзо ќе се изгасне.

titanik

Претставувајќи го својот документарец „Титаник: Нови докази“, Молони наведува дека пред да исплови, бродот бил обратно врзан за да не можат патниците да го забележат пожарот.  Кога бродот налетал на сантата лед, челичниот труп поради пожарот бил преслаб и се распукал, по што бродот потонал.

-Службената истрага за оваа катастрофа потонувањето на Титаник го третирала како Божјо дело. Но, ова не е едноставен судир до леденикот. Катастрофата е последица на оган, лед, но и човечки фактор односно неодговорното однесување на сопственикот на бродот. Никој досега случајот Титаник не го истражувал на ваков начин. Експертите за металургија нѝ кажаа дека толку висока температура може да влијае на намалување на цврстината на челикот и до 75 проценти, појаснува Молони, пренесува Индипендент.

Експертот Рој Бостон во 2008-ма година ја изнесе теоријата според која во складиштето со јаглен во Титаник избувнал пожар десет дена пред испловувањето. И да не удрел во ледената санта, бродот ќе потонел пред пристигнувањето во Њујорк, заклучил Бостон.

Коментирај